Hogan Девелоп

Развијте го Вашиот клучен талент

Ние во Хоган веруваме во моќта на стратегиската само-свест. Овој концепт може да се дефинира како способност за испорачување резултати кои се определени од силните страни, способности и ограничувања на поединците во однос на другите луѓе. Алатките на ХоганДевелоп содржат информации кои можат да се користат во насочување на кариерата на поединците.

Пристапот на Хоган при развојот на вработените

Сочувајте ги и развивајте ги вашите врвни таленти:  ХоганДевелоп овозможува да добиете различни извештаи кои содрржат значајни насоки за развојот на вработените, а кои се базирани на согледаните предности во однос на работниот стил, можностите за развој и мотивите за движење во кариерата. ХоганДевелоп го зголемува задржувањето и ангажирањето на врвните вработени бидејќи тие ја препознаваат инвестицијата во нивниот развој во кариерата.

Брзи резултати: Резултатите од ХоганСелект се испорачуваат за неколку секунди, така што бргу можете да ги согледате силните и слаби страни на кандидатите кои се битни за нивниот работен стил во однесувањето.

Ефективно управување со кариерата и менторство:  Производите на ХоганДевелоп овозможуваат ефективни стратегии за управување со вработените и менторство кои го поттикнуваат развојот на вработените. Вработените добиваат повратна инфомрација за предностите, можностите за развој и план на активностите кој е директно врзан за одговорностите на работното место.

Планирање за идни носители на повисоки позиции: Клучот за управување со идните носители на повисоки позиции е да се креира совпаѓање помеѓу идните потреби на друштвото и аспирациите и способностите на вработениот поединец. Користењето на ХоганДевелоп во Вашиот процес на управување со таленти ќе ви овозможи да ги идентификувате идните лидери во вашите организации со што ќе ги обезбедите нив со соодветни можности за развој во кариерата.

Луѓето – Вашата конкурентска предност:  Вашата конкуренција може да вработува од истите извори како вас, но вие може да се одвојувате на начинот на развој и раководење со вашите луѓе. Предностите кои ги остварувате низ креирање посветена работна сила, која поседува знаење и вештини се оние кои се најсложени и кои конкуренцијата не може лесно да ги копира.

преземете ја брошурата 

hide_header: 
yes