Hogan Select

Понесете го лидерството на напредно ниво

Производите од ХоганЛид се врвни програми за лидерски развој. Низ докажани психометриски истражувања ХоганЛид овозможува издвојување на успешните од неуспешни лидери. Користењето на ХоганЛид им овозможува на лидерите целосно да ги разбираат нивните способности за креирање добар учинок, нивните мотивирачки способности и нивните предизвици – суштинските работи за движење напред.

Пристапот на Хоган за лидерски развој

Неуспех на лидерството:  Она што знаеме е дека можеби две третини од луѓето кои се сега на лидерски позиции ќе потфрлат; тие ќе бидат уназадени, или ќе го изгубат работното место. Најчеста причина за нивниот неуспех е нивната неспособност да изградат и сочуваат успешен тим. Овие дисфукционални интер-персонални карактеристики на личноста може да се идентификуваат низ практиките на ХоганЛид.

Идентификување на лидери со висок потенцијал:  Извештаите на ХоганЛид се базирани на истражување од 30+ години и социоаналитичката теорија која ги идентификува компетенциите, предизвиците и вредностите на врвните лидери. ХоганЛид ги идентификува лидерите со висок потенцијал во рамки на организациите низ препознавање на начинот на нивните интеракции на дневна основа, до одредени ситуации на стрес и притисок, како и идентификување на целите кои го движат нивното однесување.

Повеќе од планирање за идни носители на повисоки позиции:  Клучот за управување со идните преземања на повисоки позиции е да се креира совпаѓање помеѓу идните потреби на друштвото и аспирации и способности на вработениот поединец. Користејќи го ХоганЛид во вашите практики за лидерски развој можете да го поттикнете професионалниот развој на лидерите во рамки на вашата компанија и да го процените нивното влијание врз организациската култура и клима.

Важноста на лидерството: Лидерството е најбитна област во социјалната, бихејвиорална и организациска наука. Кога преовладува добро лидерство, организациите и луѓето напредуваат. Лошото лидерство е скоро секогаш придружено од неочекувани банкротства, корпоративна корупција и деловни неуспеси.

ХоганЛид: Серијата извештаи од ХоганЛид се состои од четири различни извештаи кои имаат за цел да ги идентификуваат силните страни и развојните потреби на раководителите.

преземете ја брошурата 

hide_header: 
yes