Тест за мотиви, вредности и приоритети на личноста - (MVPI)

Тестот за мотиви, вредности и приоритети на личноста - Motives, Values, Preferences Inventory (MVPI) е тест за личност кој ги разоткрива клучните вредности, цели и интереси на личноста. Резултатите посочуваат на типот на позиција, работно место или окружување кое најмногу ќе го мотивира вработениот и кога тој/таа ќе се чувствува најзадоволно.

Организациите може да ја користат оваа информација со цел да обезбедат дека вредностите на новиот вработен се конзистентни на оние на организацијата. MVPI може да ги идентификува областите на компатибилност и конфликт меѓу поединците во тимот. Суштинските вредности се дел од идентитетот на личноста. Тие ги определуваат клучните двигатели на личноста – што личноста сака и тежнее да оствари.

Доколку имплементирате процеси на организациска проценка или развој на раководителите, HPI извештаите помагаат во идентификување на основните разлики на поодделните индивидуи и посочуваат на успехот во нивната кариера.