Наука за личноста

Хоган претставува меѓународен авторитет за проценка на личност и советување и поседува повеќе од 30 години искуство во помош на организациите за намалување на обртот на работна сила и зголемување на продуктивноста по пат на вработување вистински луѓе, развој на клучни таленти и оценка на лидерскиот потенцијал.

Ние го предвидуваме учинокот.
Оценките на Хоган го предвидуваат учинокот на работа со оценка на личноста, нејзините карактеристики за потфрлување, суштински вредности и способност за когнитивно расудување. Проценките се базирани на децениски истражувања и евалуација кај поголемите групи на работни места, од шалтерски работник до генерален директор.

Основањето на Хоган.
Хоган е основан од Др. Роберт и Др. Џојс Хоган по повеќе од 15 години акумулирано сведоштво, со доказ дека тестирањето на личност го предвидува учинокот на работно место. Вкупната работа на Хоганови е значајна и е базирана на теорија. Хоганови се широко признаени во областа на демонстрирање на тоа како факторите на личност влијаат врз организациската ефективност. Денес, Хоган продолжува да ја гради позицијата како иновативен лидер во обезбедување на решенија базирани на наука за оценка на личност во деловна употреба.

Тим на експерти за индустриска организација.
Секторите за истражување и советување во рамки на Хоган се состојат од професионалци, доктори и магистри на наука во индустриска и организациска психологија. Тимот на Хоган продолжува да обезбедува валидни и иновативни оценки и видови извештаи со сопствената голема група посветени истражувачи, поголема од било кој друг комерцијален издавач на тестови.

Оценете го талентот. Максимизирајте го потенцијалот.
Алатките за селекција на вработени, развој и лидерство им овозможуваат на компаниите подобро управување со нивниот човечки капитал и задржување на врвните таленти. Хоган нуди комплетна линија на решенија за оценка на таленти со цел максимизирање на потенцијалот на вработените и раководителите.

Мисија и визија.
Го зголемуваме учинокот на индивидуалците и организациите по пат на обезбедување висококвалитетни и на наука базирани решенија за проценка, кои се испорачуваат од посветен тим на професионалци со користење врвна технологија. Тежнееме да бидеме лидер во индустријата за проценки при селекција и развој на вработени и развивање на организации.