Hogan Select

Направете добри одлуки за нови вработувања

Тестирањата за оценка на личноста при вработување спаѓаат меѓу највалидните и ценовно најефективните стратегии за идентификување на најпогодните кандидати за соодветни работни места. Со користење на ХоганСелект во текот на Вашиот процес за селекција на вработени можете да го идентификувате работниот стил и однесувањето кои се критични за успешен учинок на одредено работно место во вашата организација. Основна цел на секоја проценка на личност треба да биде предвидувањето на работниот учинокот. Истражувањата покажуваат дека организациите кои ги користат производите на ХоганСелект имаат намален обрт на работна сила, зголемена продуктивност и подобра услуги кон корисниците.

Пристапот на Хоган при Селекција на вработени

Проценка на таленти: Со користење на ХоганСелект можете да го идентификувате работниот стил и однесувањето кои се критични за успешен учинок на одредено работно место во вашата организација. Оваа информација можете да ја користите за креирање на програми за проценка кои ќе резултираат во добри одлуки за вработување и ќе обезбедат човечки капитал со висок потенцијал од кој ќе се регрутира силно лидерство и планирање за идни преземања на повисоки позиции.

Брзи резултати: Резултатите од ХоганСелект се испорачуваат за неколку секунди, така што бргу можете да ги согледате силните и слаби страни на кандидатите кои се важни за нивниот работен стил во однесувањето.

Конзистентност на процесот на интевјуирање: Хоган Селект нуди повеќе видови на извештаи согласно вашите потреби за вработување. Ние ќе ве водиме низ процесот на селекција со структурирани прашалници, прилагодени согласно работниот стил на однесување на кандидатот,.

Одлуки за вработување: истражувањата зборуваат дека вработувањето на погрешни индивидуалци ја чини организацијата 150% од годишната плата за вработениот. Цената за лоша одлука при вработување е дури повисока доколку се работи за раководни позиции. Користењето на ХоганСелект и нашите препораки за вработување ви овозможува од почеток да изберете врвни вработени.

преземете ја брошурата 

hide_header: 
yes